Грозоморно: Девојче киднапирано, силувано и принудено да премине во ислам
Дванаесетгодишното девојче Фарах, порасната во христијанска религиозна традиција, минатото лето била киднапирана, силувана и принудена да премине во ислам и да се омажи за муслиман.
Фарах е киднапирана од својот дом во Фајсалабад на 25 јуни 2020 година, кога била заедно со нејзиниот дедо, тројцата браќа и двете сестри. Тројца мажи упаднале во куќата и ја киднапирале.
Киднаперите ја префрлиле во градот Хафизабад каде ја силувале, ја ставиле во ланци и ја третирале како роб.
-Бев во синџири поголемиот дел од времето. Морав да ја чистам куќата на киднаперот и да се грижам за животните во дворот. Беше ужасно, рече Фарах.
На почетокот на декември, пет месеци по киднапирањето, полицијата влегла во куќата на киднаперите и ја спасила Фарах по што била испратена во засолниште за жени.
За време на судењето на киднаперот, судот му препорачал на нејзиниот татко да се откаже од обвинението затоа што Фарах изјавила дека сама се согласила на бракот.
-Го кажав тоа затоа што киднаперот ми рече дека ако не го сторам тоа, тие ќе ме убијат, а потоа ќе го убијат татко ми, моите браќа и сестри. Целото мое семејство. Се плашев дека ќе го стори тоа, па реков дека се согласувам на бракот, рече Фарах.