Избор на уредникотМакедонија

Граѓаните ја спречија полицијата да направи проверка за петарди на Бит Пазар, од МВР велат дека петардите се одземени(ВИДЕО)

На Бит Пазар денеска се случил инцидент меѓу полицијата и продавачите, јави ТВ Шења.

Настанот се случил при обидот на припадниците на МВР да одземат пиротехнички средства.

Денешниот настан се случува откако синоќа полицијата заплени над 30 000 парчиња пиротехника токму на Бит Пазар, а беа приведени и две лица.

Во претходните денови, слични акции имаше и во Гостивар, Штип и Битола при што беа одземени над 30 000 парчиња пиротехника, а четири лица беа приведени.

Oд МВР велат дека близу 15.000 парчиња пиротехнички средства запленила денеска  полицијата на подрачјето на Бит-пазар во Скопје.

Министерството за внатрешни работи најави дека по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Поврзани вести

Back to top button