Избор на уредникотСветТоп

Градоначалник отпушти вишок администрација и од канцелариите направи градинка

Анте Праниќ, млад градоначалник на хрватскиот град Вргорац во Далмација, на Фејсбук објави статус во кој вели дека од вишокот простор и пари што ги добиле со ослободување од вишокот администрација, прошириле детска градинка.

„Кога граѓаните ни дадоа доверба, дочекав хаос во градинката. Немавме педагози ниту експерти, но имавме вишок администрација. Воведовме ред. Сега немаме администрација поради рационализацијата, но имаме стручен кадар за деца“, напиша Праниќ.

„Година дена нè прозиваат дека нелегално сме го отпуштиле вишокот персонал од администрацијата, кои инаку се вработени спротивно на Педагошкиот стандард. Денес дојде судската пресуда за едно административно работно место што го укинавме. Судот вели дека сè сме спровеле во согласност со законот. По рационализацијата на административните места, ги скршивме и ги споивме сите административни канцеларии и направивме дополнителна просторија за уште една група деца“, напиша Праниќ.

Праниќ и пред неколку месеци беше присутен во медиумите, вели Индекс, поради кавгата со еден вработен што исто така го отпуштил. Службеникот на градската администрација го тужеше градот, но го загуби спорот. Отказот, рече судот, е легален.

„Денес добивме уште еден резултат од судски процес во наша корист, во кој бевме тужени од поранешен вработен поради откажување на договорот за вработување. Едноставно, вработениот во една градска институција повеќе беше по кафиња отколку на работното место. Тоа не го толериравме и на суд ја докажавме законитоста на поништувањето на договорот за работа“, напиша тогаш принципиелниот градоначалник на Вргорац.

Поврзани вести

Back to top button