Грабеж: Упаднал во продавница и крвнички го претепал сопственикот (ВИДЕО)
Маскиран ограбувач вооружен со маска и нож упаднал минатата недела, десет минути по полноќ во продавницата „Бамби“ во Обреновец и го претепаl сопственикот барајќи му да му ги предаде парите од касата.
Разбојникот упаднал само неколку секунди откако влегол сопственикот Миодраг Сјеклоќ.
Тој во истиот момент му се нафрлил, и со нож го соборил на подот, како што може да се види од снимките.
Со извиците: „Дај ги парите“, напаѓачот повеќе пати со дршката од ножот го удирал Сјеклоќ по главата, а кога му рекол дека нема пари, почнал да го шутира.
Во пресметката се обидела да се вмеша и неговата сопруга, која стоела зад пултот, и која најпрво почнала да му ги фрла парите.
Набрзо повикале полиција и Итна помош, која го пренела во Ургентниот центар.
Во полицијата велат дека интезивно работат на идентификација на напаѓачот.