ЖивотСвет

Гори најголемата прашума во светот „светот оди кон катастрофа“ (ВИДЕО)

Горат белите дробови на планетата. Пожарите во Амазонската прашума, најголемата прашума во светот, се најголеми откако бразилскиот Национален институт за вселенски истражувања (ИНПЕ) почна да ги следи со сателит во 2013 година.

Според нивните податоци, од почетокот на годината во Бразил избиле повеќе од 72.000 пожари, од кои повеќе од половината во Амазонија, која самата е голема колку половина САД. Тоа е зголемување од 83 отсто во однос на минатата година, јавуваат агенциите.

ИНПЕ извести дека само од минатиот четврток се забележани повеќе од 9.500 пожари и дека секоја минута од секој ден гори по едно и пол фудбалско игралиште прашума.

Чадот од овие пожари, кој сега се гледа од вселената, се шири сѐ до брегот на Атлантскиот Океан, па така во понеделникот го покри 2.700 километри одалечениот Сао Паоло и го претвори денот во ноќ на околу еден час.

Амазонија го нема случајно прекарот „белите дробови на планетата“. Оваа голема прашума произведува дури 20 отсто од кислородот кој завршува во атмосферата. Како што климатските научници одамна истакнуваат, токму шумите, кои служат како резервоари за јаглерот и произведувачи на кислород, се клучната одбрана од глобалното загревање предизвикано од гасовите со ефект на стаклена градина. А токму јаглерод диоксидот, кој дрвјата го апсорбираат, е главниот таков гас.

Освен тоа, Амазонија е дом на неброени растителни и животински видови, од кои голем број не сме ги ни откриле. Како што утврди ВВФ (Светскиот фонд за заштита на природата) утврди во извештај од пред две години, научниците во просек откриваат нов вид секој втор ден.

Но, неконтролираното расчистување на кое Амазонија е подложена со децении значи дека „многу од тие видови може да изумрат пред воопшто да добиеме шанса да ги откриеме“, предупреди тогаш Сара Хачисон, лидерката на програмата на ВВФ за Амазонија и Бразил.

А дефорестацијата, или расчистувањето на шумата за добивање на земјиште за земјоделство и сточарство, сѐ повеќе забрзува.

Поврзани вести

Back to top button