Избор на уредникотМакедонија

Го зададоа ли СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со пописот последниот удар врз македонскиот народ, ќе се бркаат Македонци од работа

Села, на еден од митинзите во предизборието скандалозно изјавува дека ќе бркаат Македонци од работа, односно Македонците ќе излезеле од институциите како технолошки вишок, затоа што, како што вели ги имаат зафатено нивните места.

„Регионалните министерства тука во Струга нема да имаат вработени 20% Албанци или 10% или ниту еден, туку 65% ќе бидат Албанци, Македонците ќе излезат како технолошки вишок затоа што ги имаат зафатено нашите места, изјави Села пред неколку годни нешто што сега по се изгледа ќе стане реалност,

Од самото осамостојување на Македонија, политичките елити постепено но сигурно ја уништуваа државата која на некој начин ја наследија со сите нишани, бидејќи Асномска Македонија која беше дел од тогашната Југославија ги имаше речиси сите државотворни елементи. Денес Македонија фактички е косовски протекторат односно протекторат на протекторатот.

Растурањето на државата започна уште во 2001 прва година кога Македонија беше нападната од Косовскиот заштитен корпус, односно расформираната УЧК, воена формација која за време на косовскиот конфликт имаше несебична поддршка од тогашната македонска Влада. Истата таа УЧК која беше помагана од Владата предводена од Љупчо Георгиевски во борбата против српските сили, после една година ја нападна и Македонија. Тогашниот премиер заедно со министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски не само што не успеа да организира одбрана на земјата туку преку МАНУ, предложи антиуставна и со самото тоа предавничка поделба на земјата и отстапување на Тетово и Гостивар на Албанија.

Oпозиција, односно СДСМ предводена од Бранко Црвенковски, во тоа време главен приоритет им беше доаѓање на власт, па поради тоа започна да шурува со политичкото раководство на ОНА. Тоа доводе до потпишување на Рамковниот договор. Договорот со кој требаше да се унапредат прават на етничките заедници, доведе до владеење на малцинството врз мнозинството. После тоа следуваа низа договори и закони со кои се поткопуваше државноста. За време на Владо Бучкоски се донесе законот за територијалната организација со која вештачки се прекројуваја границите на општините и Македонците станаа малцинство на Кичево и Струга. Следната власт на ВМРО-ДПМНЕ, односно Никола Груевски и Јордан Мијалков, го донесе Законот за амнестија со кој беа амнестирани тие што убиваа и силуваа Македонци, но како што се вели со договор под маса се остави со Тетово, Гостивар и половина Скопје, да владеаат командантите на УЧК, за по доаѓањето на Зоран Заев да се донесе Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија, но и Законот за употреба на јазиците. Заедничко за цел овој период е немилосрдната кражба на националното богатство. Заедничко е и тоа што секогаш кога власта би спроведувала некое национално предавство, би имала млак и речиси никаков отпор од страна на опозицијата.

Така беше и со спроведувањето на Пописот. Па откако СДСМ која дефинитивно како владејачка партија е најодговорна ги прифати речиси сите барања од нивниот господар ДУИ, се спроведе Попис. Попис кој на почетокот од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше највено дека ќе биде бојкотиран, за подоцна да се собираат потписи, против Законот за попис и истите да се достават во Собрание и тој да се поништи иако знаеа дека мнозинство за такво нешто нема.

Значи повторно ја имаме она иста игра која еве веќе 30 години се спроведува во Македонија, власта донесува штетен закон со кој се урива државноста а опозицијата глуми дека е против. Ваквата игра на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ доведе до тоа Македонците официјално да паднат на 54 проценти. Па така пред некој ден Министерството за информатичко општество и администрација направи промени во балансерот за вработување во согласност со резултатите од последниот попис.

Имено, во балансерот се запишани повисоки проценти за застапеност на Албанците, Турците и Бошњаците, отколку што покажува пописот, додека помал е процентот за Македонци, Роми и Срби. Единствено е точен процентот на Власите во земјава.

Особена разлика се забележува кај Албанците, чиј процент во пописот изнесува 24,30 отсто, додека во балансерот пишува дури 31,54 отсто. Тоа значи дека според ваквата пресметка во државните институции ќе треба да се зголеми бројот на вработени Албанци за 7,24 отсто. Кај останатите заедници разликата е максимум половина процентен поен.

Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, е дециден дека не се работи за поинаква пресметка. За Сител објаснува дека во балансерот се користи истата методологија од 2016 година, само промена има во инпутот на податоците, кои до сега се земале од пописот од 2002-та, а сега се од ланскиот попис и како основа се зема вкупното население, а не само резидентното.

М.М

Поврзани вести

Back to top button