Германците шокирани од врсничкото насилство: Девојчиња тепаат и брутално малтретираат врсничка (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)
Во германскиот град Шлезвиг-Холштајн, група девојчиња на возраст од 14 до 17 години наводно со часови мачеле 13-годишно девојче и се снимале на телефон. Десетина девојчиња истурале сок врз главата на жртвата, треселе пепел од цигари и ѝ ја запалиле косата, а додека девојчето се обидувала да стане, една од девојчињата почнала да ѝ вика: „Седи и моли ме! Не те пуштам толку лесно“.
Овој случај привлече големо внимание во јавноста, особено затоа што, како и во случајот со убиената Луиза, измаченото девојче ги познавала луѓето кои ја малтретирале.
Германските медиуми јавуваат дека ова не е прв пат девојчето (13) да трпи насилство бидејќи често имала проблеми со група врснички кои ја малтретираат и на споменатото видео.
На видеата се гледа како жртвата плаче и ги моли девојчињата да не ја удираат по нос, но тие не престанале.
Германските медиуми пишуваат дека ова страшно злосторство се случило на крајот на февруари, но мајката на девојчето дури сега решила да проговори за сѐ за да ја предупреди јавноста за сѐ поголемиот проблем со насилството меѓу младите.
Полицијата ги идентификувала напаѓачите, а на девојчето ѝ била укажана лекарска помош. Мајката на жртвата рекла дека мачењето било прекинато благодарение на храбрата интервенција на случајни минувачи, пренесува РТЛ.
– Тие ја препознаа опасноста во која е ќерка ми, и помогнаа кога таа побара помош од нив. Многу сме му благодарни, рекла мајката.
Според обвинителката, како и во случајот со малата Луиза, сторителите на ова кривично дело нема да бидат кривично гонети бидејќи се деца.
– Девојката се здобила со тешки физички повреди. За сторителите во моментов се грижи Канцеларијата за млади. Се уште е нејасно како ќе се одвиваат работите, рече обвинителот.
Да потсетиме, минатата недела Германија и целиот свет ја потресе веста за убиството на дванаесетгодишното девојче, кое го убиле нејзините две најдобри пријателки. Телото на девојчето Луиза (12) било пронајдено во шума, со десетици убодни рани.
The 12-year-old white girl who was MURDERED in Germany was stabbed 32 times after being bullied, humiliated and having her coat and warm clothes removed from her. This is a multi-racial gang that contains several migrant girls. pic.twitter.com/jTVq9rqKvR
— Aries ♈ (@thelordofbrum) March 22, 2023