Свет

Германска џихадистка купила 5-годишно девојче од Ирак: Го чувала како роб и го оставила да умре од жед…

27-годишната Германка Џенифер В. и нејзиниот сопруг во 2015-та година купиле девојче од Ирак кое што го чувале како домашна робинка во ирачкиот град Мосул и свирепо го измачувале до смрт.

5-годишното девојче било во групата на затвореници кои што на северот од Ирак ги фатиле припадниците на Исламската држава.

Германката им се придружила на џихадистите во 2014-та година откако го прифатила Исламот и често патролирала низ ирачките градови Мосул и Фалуџа, вооружена со калашњиков и експлозивен елек. Нејзина задача била да ги надгледува жените во градовите дали се облекуваат и однесуваат по правилата на шеријатот.

Откако го купила девојчето, таа често го измачувала, а кога несреќното девојче се разболело, нејзиниот сопруг го извадил пред куќата, како казна го врзал со ланец и го оставил на сонцето се додека не починало од жед.

Џенифер набрзо била уапсена после одлободувањето на овие градови од џихадистите и била вратена во Германија, каде што германскиот суд ја пуштил на слобода поради недостаток на докази. Таа се вратила да живее во својата куќа во Долна Саксонија.

Но, откако се обидела да се врати назад во Сирија, германската полиција ја уапсила и од тогаш е во притвор. Таа е обвинета за убиство и воени злостороства пред судот во Минхен. Доколку биде осудена, ѝ се заканува доживотна затворска казна.

Поврзани вести

Back to top button