Германија ги забрани колбасите: Во училиштата и кафулињата нема да се служи свинско
Училиштата и кантините во Германија го забранија свинското месо на нивните менија поради страв дека би можело да ги навреди муслиманските мигранти, пишува „Дејли Експрес“, повикувајќи се на изјава на високи политички функционери.
Зголемениот број на јавни кантини, дневен престој за деца и училиштата престанаа да даваат колбаси, сланина и шунка од религиозни причини.
Сега членовите на Демохристијанската партија на Меркел се борат за да го задржат свинското месо на менито, инсиситирајќи на тоа дека свинското е дел од германската култура.
Даниел Гинтер, претставник на паријата, тврдеше дека производите од свинско месо се отстранети од менито во училиштата, кантините и бифеата низ цела земја.
Инаку германските колбаси се дел од културата на земјата. За време на Октоберфест во Минхен, најголемиот фестивал на пивото во светот – колбасите се сервираат заедно со пивото.
Се очекува дека ваквите одлуки ќе предизвикаат тензии кај населението што го поддржува ограничувањето на напливот на мигранти во земјата.