ФОТО+ВИДЕО: ФОТО+ВИДЕО: Детето ко беше силувано од мигрант во Австрија е по потекло од Србија
Детето кое на базен во Австрија беше силувано од мигрант од Ирак е по потекло од Србија. Неговото семејство уште во деведесетите години побегнале од Србија во Австрија.
Мајката на детето кои медиумите ja претставија како Дуња Р, изјави дека силувачот мора да оди во затвор. Како што таа објасни, изјавите на силувачот се монструозни бидејќи се бранел со тоа што имал премногу сексуална енергија.
20-годишниот бегалец од Ирак го одвлекол 10-годишното дете во тоалетот на јавниот базен Терезиенштат, каде го силувал. Во таа прилика детето претрпело толку тешки повреди при што веднаш било примено во болница на лечење.
„Не можев да поверувам што слушнав кога даде изјава … Јас доаѓам од Србија, живеев 5 години во колективен центар со луѓе од различни националности. Вие не можете да ме наречете расист, но да кажете дека сте имале голема сексуална потреба, тоа е монструозно. Тоа е исто како јас да одам утре во банка и да ја ограбам затоа што немам доволно пари за своите деца. Знам дека физичките рани можат да залечат, но раните во мојата душа можеби никогаш нема да залечат“, изјавила таа.