
Вработените на фарма за крави во американската сојузна држава Њујорк воведоа програма за терапија со галење крави што им помага на луѓе со одредени душевни проблеми и состојби да се чувствуваат посмирено и подобро.

За еден час терапија што вклучува галење, гушкање или четкање на кравата, заинтересираните треба да издвојат 75 долари.

Вработените на фармата Mountain Horse ветуваат забавно и опуштено искуство со нивните крави.

Во зависност од избраниот пакет, заинтересираните муштерии може да се дружат и со коњите на фармата.

Слична терапија со крави има и во Холандија.

Работниците на фармата во селото Бетс во северозападниот дел на земјата велат дека галењето крави има смирувачки ефект и го зајакнува чувството на доверба.




