ФОТО: Стотици прилепчани, доброволно се пријавија да помогнат на настраданите
Стотици прилепчани, доброволци, по повикот на локалната самоуправа и кризниот штаб и денеска заминаа да помогнат во регионите зафатени од поплавите.
Волонтери, пристигнаа од ВП Прилепско поле, работна сила од АД Турунски комбинат – Прилеп, екипи од противпожарната единица, Македонски шуми – „Црн Бор“, ЈКП „Комуналец„ и „Водовод и Канализација„ брзата медицинска помош и граѓани – доброволци, кои опремени со лопати, чизми и механизација, повторно рано утринава се упатија кон скопско, Стајковци.
Во текот на вчерашниот ден прилепските екипи, беа лоцирани во скопско Стајковци, според организационата поставеност од ДЗС.
Локалната самоуправа и денеска го отвора телефонскиот број, 048/401 701, за сите волонтери кои сакаат да се пријават за помош при расчитување на поплавените куќи во скопско, при што сите доброволци треба да остават име, презиме и телфонски број за контакт.
Воедно, граѓаните можат да продолжат да донираат и парични средства преку телефонскиот број за донации 143 400