ФОТО: Прегладнета мајка ги лаже ќерките дека јадела кај соседите за тие да имаат да каснат повеќе
Мајка на две ќерки моли за храна и облека за децата.
Живеат во Крива Паланка во куќа која на се личи освен на дом. Нејзините две дeвојчиња никогаш во животот немале нова облека ,никогаш не биле доволно најадени , никогаш не биле среќни. Израснати во сиромаштија беда и глад.
Оваа мајка заборавила што значи да си сит и најаден. Таа е коска и кожа, седи гладна само децата да имаат да каснат. Ги лаже дека не и се јаде, дека каснала кај соседите , а всушност седи прегладнета. Жената е млада, ама животот го зел данокот. Збрчкана со искршени заби гладна со последни сили се бори за опстанок. Девојчињата се на возраст од 14 и 15 години. Оние кои биле да им однесат малку помош раскажуваат дека во пакетот имало и нови патики.
– Ми се искина душата, детево на 14 години прв пат доби патики во кутија, нови, само за неа и душата се расплака – раскажуваат хумани луѓе кои се подготвени да им помогнат.
Условите за живот им се ужасни. Никакви. Девојчињата никогаш немаат никого викнато дома. Нема тоалет. Се бањаат во корито , а носат вода во шишиња. Креветите се испокршени, нема мебел, фрижидер, шпорет, машина за перење.
Гладни одат во училиште, гладни се враќаат. Соседите ги помагаат со храна и некогаш ја викаат мајката им некаде на дневница да работи било што.
Верче Крстевска , отец Оливер Петровски, Јована Нановски, Маргарет Курт, се првите кои го открија ова семејство и првите кои ќе помогнат, а ги повикуваат сите хумани граѓани да им се приклучат. Мајката не бара пари бара дом и храна. Хуманитарната организација „Свети Спас” и хуманитарната организација Стопли Срце / Ngrohë zemër/ Warm A Heart ќе ги собираат средстава и донациите.
– Ни требаат молери, плочкари, водоводџии, електричари волонтери за било што. Ни требаат ќебиња, ни треба мебел, кревети, чешма, туш кабина, со еден збор ни треба сите вие да помогнете кој колку може. Потребен е и заболекар кој ќе им ги среди забите и на мајката но и на девојчињата. Кровот протекува , 20, 30 керамиди ќе завршат работа. За неколку дена да се реновира да се добие дом. Да најдеме некоја работа за мајката… “, апелираат хуманите граѓани кои веќе почнаа да собираат помош и да нудат облека и покуќнина за оваа мајка и нејзините гладни чеда.
На апелот за помош се огласи и градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски кој вети дека ќе обезбеди огрев дрва за семејството да може да ја помине зимата.
За сите што сакаат да помогнат ова е сметката за донации:
Здружение на граѓани “Стопли Срце”
Сметка за донации: 270072685480143
IBAN: MK07270722000030435
HALKBANK
Цел на дознака: за семејството во Крива Паланка
За подетални информации околу донаците барајте ги
Јована, 078246418
Верче 075235639
Отец Оливер +389 78383743