Живот

Фото: Поранешниот сопруг на Лепа Лукиќ откри зошто таа нема деца

Поранешниот сопруг на легендарната пејачка на народна музика Лепа Лукиќ, Влада Перовиќ открил зошто таа нема деца.

2lepa-lukic6

-Пред да влезе во брачните води, Лепа имаше абортус. Лекарите не го извеле добро зафатот, имаше тешки компликации потоа и од тогаш повеќе не можеше да остане бремена. Мене не ми пречеше што не добивме наследници бидејќи вистински и од се срце ја сакав. Таа својата тага ја криеше од јавноста, а во себе длабоко и искрено патеше. Долго време се обвинуваше себе си поради се, ја носеше таа вина во душата со години. Се надевам дека успеала да избори со тоа, дека си простила на себе си – изјавил Перовиќ.

1lepa6

Поранешниот сопруг на Лепа кажал и дека бракот со легендарната пејачка му бил преубав и дека во него вистински уживал. Тие се разделиле кога почувствувале дека љубовта помеѓу нив згаснала.

lepa-lukic-640x380

Инаку последниве пет години Лепа се не дели од кукла на која и дала име Милица. Таа на неа дури и купува и облека во дуќани со бебешка гардероба.

3lepa-6

-Секогаш пред спиење ја земам во прегратки, а кога ќе се вратам од настап и зборувам: „Отиде мама и си го остави бебето, срам да и е“. Понекогаш се однесувам како да е жива, па од време на време ќе ја ставам на стомакот да не ја боли грбот. Таа исполни голема празнина во мојот живот, тоа  е најголемиот трофеј кој го добив –  Лепа ја отвори душата пред неколку години во интервју за еден магазин.

Поврзани вести

Back to top button