Фото
ФОТО: Погледнете како изгледа кога ќе истурите топол чај на -40
Канадскиот фотограф Мајкл Дејвис ја сподели на социјалните мрежи неговата најнова фотографија. Неа Дејвис ја сними во „Pangnirtung“, градот во артичкиот круг на Канада, но самиот момент во кој е снимена фотографијата е импресивен колку и околината во која е снимена.
Од фотографијата може да се забележи неговиот пријател Маркус како на снегот и на температура од -40 степени Целзиусови истура топол чај од термос. Фотографијата била снимена околу 1 часот попладне, кога и може да се забележи периодот од околу 2 часа сончева светлина во овој дел од Канада.