ФОТО: Ова е Македонката која загина во сообраќајна несреќа, а нејзините органи спасија три животи
Во Македонија беше направена историска трансплантација на срце, истата беше успешна, а покрај хероите доктори и медицински сестри, најголема е жртвата на Емилија Динева.
Динева е жената чии органи, едно срце и два бубрези ќе го продолжат животот на тројца други луѓе. Емилија Динева го загуби својот живот во трагична несреќа.
Од семејството на Динева за нашиот портал порачаа дека и други треба да го следат нивниот пример. Во најтешки мигови тие се одлучиле дека најдобро е да се донираат здравите органи со цел да се спасат други човечки животи.
Оваа вест може да се забележи на социјалните мрежи.
-За жал еден живот згасна…, но други ќе бидат спасени. Изгубивме сограѓанка, пријателка, пред се сопруга, мајка, баба… 💔💔💔💔 Прерано не напушти… Emilija Dineva твоето срце душо продолжи да чука…, напиша Здравка Шурдоња.