ФОТО: Обид за убиство на актерот кој сакал да ги разоткрие педофилите во Холивуд!
Американскиот актер Кори Фелдман заврши во болница откако бил брутално нападнат со нож.
Актерот се огласи на Твитер и напиша дека во моментот на нападот бил во својот автомобил. Тој додал дека нападот се случил во моментите кога вниманието на неговото обезбедување било насочено кон нешто друго.
-Во болница сум, бидејќи сум нападнат. Еден човек ја отвори вратата од мојот автомобил и ме прободе. Молете се за мене, напиша актерот на својот Твитер профил.
Полицијата истражува како дошло до нападот и кој стои зад истиот.
„Фала му на Господ што моето обезбедување и јас бевме во автомобилот кога ни пријдоа тројца мажи. Го оттргнаа вниманието на моето обезбедувње. Во еден момент мажот го запре својот автомобил и ме нападна. „Истрагата се води како обид за убиство. Добивав бројни закани, на социјалните мрежи од ’Wolfpack’“, открил актерот.
Вели дека постапките на групата под име „Wolfpack“ довеле до негативни реакции, односно овој напад.
„Имам причини да верувам дека се’ е поврзано. Што е доста, доста е. Колку се болни овие луѓе“, напоменал Фелдман.
Инаку, пред нападот детската ѕвезда, преку социјалните мрежи, барала донација за да вработи повеќе 0безбедување бидејќи се плашел за својата безбедност поради откривање на сексуалното злоставување на деца во Холивуд.
„Откако реков дека имам план се’ да откријам мојот живот се претвори во потполн хаос. Цел живот ме замолчуваа, но последните денови откако го објавив ова разоткривање, ме уапсија и имав блиски средби со смртта и се чувствував како дека ќе ме убијат. Два камиони во исто време забрзуваа кон мене кога бев на пешачки премин“ раскажал Фелдман.
Во ноември минатата година полицијата во Лос Анѓелес го отфрлило обвинението на Фелдман против наводните „сексуални предатори“.
Меѓу луѓето кои ги прозивал бил и актерот Чарли Шин (52). Тврдел дека го злоставувал Кори Хајм кој во 2010 година починал од предозирање.