Мистерии

ФОТО: Необични топки паднаа од небото во Виетнам?

-Небото беше ведро, но одеднаш слушнавме звук сличен на грмотевица, објаснил еден од очевидците.

Нешто подоцна, луѓето пронашле метална топка со радиус од околу 80 см на брегот на потокот.

После буката “од небото“, на другиот крај на Виетнам луѓето пронашле друга, помала топка, со пречник од 27 см.

Војската во моментов ги истражува и двете области, а засега е познато дека не станува збор за експлозивни направи.

topki-vietnam1

Слични топки можат да се најдат и во остатокот од светот, а минатиот октомври беа пронајдени во Шпанија и Турција.

Најверојатно станува збор за остатоци од некоја ракета која после објавувањето на вселенските мисии, остануваат во Земјината орбита.

Според податоците на НАСА, повеќе од 500.000 објекти кружат околу нашата планета, а дел од тој отпад паѓа на Земјата.

Поврзани вести

Back to top button