Фото

ФОТО: Излезе првиот македонски виртуелен календар

На студиото 60 Минути му се случи вистинска Драма, резултирајќи во производ којшто досега ниту една домашна спортска куќа не успеала да го реализира – дневен потсетник за нега и работа на себе си, мотивирано од адутите на една негувана жена.

Разбудете ја креативноста во текот на целата година во елегантен, но и спортски стил, нешто што треба да го поседува секоја современа жена. За сите девојки коишто сакаат да се грижат за својот изглед, овој дневен потсетник ќе претставува мотивација, но и предизвик, како и потсетување дека напорното работење на себе си носи и неизбежен успех.

Моделите се секако секси, а секој поглед на нив ќе ви послужи како мотивација дека секојдневно треба да се грижите за себе, да се почитувате или едноставно тоа да го препуштите на професионалци како што се тие.

„Модерна и Фит жена – десктоп календар 2016“ е идеја која заедно ја реализирале фитнес студиото 60 Минути, модната креаторка Ивана Кнез, студио Drama и фотографот Мартин Саровски.

„Десктоп календарот се реализираше како производ инспириран од отварањето на новата локација за вежбање 60 Минути 2 во центарот на градот, со желба да се претстават новите и старите инструктори и спортови кои ги нудиме секојдневно на своите клиентки. Сакавме да подариме минути на радост и задоволство и да им покажеме на жените дека може да се изгледа гламурозно и фит во исто време“, вели Марија Кочевска, менаџерка на 60 Минути.

Во современиот брз и активен живот жената на моменти заборава да ја истакне и негува својата убавина, вели Кочевска. Нивната цел со овој календар е да ја разбудат креативноста како во елегантниот, така и во спортскиот стил на секоја современа жена.

„Проектот со Ивана го замисливме уште летовo, но поради дневни ангажмани моравме да го пролонгираме. За цела среќа излезе во вистинско време, со внимателно селектиран професионален тим“, додава Кочевска за изработката на проектот.

За стајлингот се погрижила Ивана Кнез, модната елегантна и кежуал линија која ја носат инструкторите од 60 Минути е дел од новата колекција на Drama studio, а спортската варијанта е дел од новата колекција на спортска облека од најдобрите брендови кои ќе ги најдете во сите продавници на Sport Vision низ цела Македонија. Make up артист е најоргиналниот Васе Доковски, кој во моментов работи со Drama студиото, а за фотографија бил задолжен Мартин Саровски. Фотографиите се изработени на двете локации на 60 Минути, во салите 1 и 2.

Според Кочевска, календарот служи како дневен потсетник и мотивација за редовност во текот на цела година за девојките и жените кои се грижат за својот изглед.

„Оваа комбинација на моден едиторијал претставува совршен заеднички пристап на професионалци директно до жената како индивидуа која секогаш знае да одбере што е најдобро. Комбинација од фитнес, елеганција, здрав и беспрекорен изглед е нешто што секоја жена го посакува преку целата година. Токму тоа ви го подаруваме пред новогодишните празници, со голема љубов кон тоа што го работиме и желба за успешна и продуктивна 2016 година“, вели таа.

 

Јануари

Февруари

Март

Април

Мај

Јуни

Јули

Август

Септември

Октомври

Ноември

Декември

ИЗВОР: TOCKA.COM

Поврзани вести

Back to top button