ФОТО – Ги прогласиле за проститутки и јавно ги камшикувале пред полн стадион (ФОТО)
И покрај тоа што индонезиските власти наредија да се камшикуваат луѓе само во затворите , сепак во провинцијата Ацех вчера беа камшикувани неколку жени и еден маж под обвинение дека се занимаваат со проституција.
На фотографиите се гледа публиката како навива , како и маскиран џелат , кој ги камшикува осудените.
Во целата држава , а особено во оваа покраина на сила се шеријатските закони , а лидерот на Исламскиот одбрамбен фронт Муслим ат Тахири вели : ,, Според исламскиот закон камшикувањето мора да бидсе извршено на јавно место за да посведочат верниците .Oва е лекција за сите сторители на прекршоци , како и опомена на луѓето кои гледаат . И треба да им е непријатно. Ова делува како заплашување ”, вели ал Тахири.
Во областа Ацех камшикувањето луѓе е воведено во 2005 година , од кога е воведен шеријатскиот закон , а од тогаш јавно се казнувани стотици луѓе.