Свет

ФОТО: Французите со пушки ги „соблекуваат“ муслиманките на плажа

Во 15 француски града властите забранија носење буркини, костим за капење за покриените муслиманки, поради наводна загриженост од нови терористички напади. Поради тоа вооружена полиција почна да патролира по плажите и да им наредува на жените и девојките да ги соблечат буркините, пишува Гардијан.

На фотографиите кои ги пренесуваат светските агенции јасно се гледа како полицајци ѝ наредуваат на една жена да го соблече буркинито, додека друг полицаец најверојатно ѝ пишува казна.

„Седев на плажата со семејството. Носев обична марама и немав намера да пливам“, вели 34-годишната Сиам која исто така била избркана од плажата. Таа истакна дека била разочарана од тоа што присутните почнале да аплаудираат и да викаат „оди си дома“, кога полицијата ѝ наредила дека мора да си замине од плажата.

Последниот град во Франција кој донесе одлука за забрана на буркинито е Ница, што е последица на неодамнешниот терористички напад во тој град кога возач на камион уби над 80 лица.

Иако одредени невладини организации поднесоа тужби против градовите кои забранија буркини, сѐ повеќе од нив се решаваат на таа мерка, за да спречат евентуални конфликти меѓу муслиманите и немуслиманите во Франција.

Ахеда Зенети, австралиска дизајнерка која креира буркини тврди дека забраната за носење на овој специфичен костим во франција ја зголемила продажбата за 200 отсто.

Поврзани вести

Back to top button