(ФОТО) Директорот Максути си игра мајтап со Македонците и македонската историја, се фалел дека ја тргнал сликата од Делчев: „За убав почеток на месец Рамазан“, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ молчат
Новиот директор на Институт за медицина на труд во Чаир, Азиз Максути наместо да се фокусира на унапредување на здравствената дејност во Инстутутот, неговата одлука која ја донесе беше отстранувањето на уметничката слика на Гоце Делчев од ординацијата за пулмологија, пишува порталот Инфомакс.мк
Таа слика е во Институтот повеќе од 50 години и е аманет од доктор Манасиев, еден од основоположниците на Институтот кој замолил истата никогаш да не се отстранува.
Според нелогичното објаснување на Максути Неговата тој ја остранил сликата бидејќи им пречела на пациентите во Чаир.
Но во Вибер комуникации со своите колеги тој ја покажува својата лична фрустрација со фотографијата посочувајќи дека тоа го сторил „За убав почеток на месец Рамазан“.
Етничката дискриминација на Максути не познава граници па така остранувањето на фотографијата од Делчев не е единствен пример за неговиот шовинизам.
Имено тој поради Рамазанските пости докторите и сестри Албанци ги ослободува од работни обврски после 12 часот нешто што на ниту еден начин не е уредено со законот за работни односи.
Интересно е тоа што до сега нема никаква реакција ниту од институциите, ниту од владеачката СДСМ, ниту од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.