ФОТО: Девојка со Даунов Синдром ќе биде метео презентерка

Објавено: понеделник, 6 март 2017 во 19:30
Spread the love

Таа има 21 година и ќе биде првата  девојка од Франција со Даунов синдром која работи како презентер на временската прогноза.

Мелани Сегард со помош на една хуманитарна организација успеала да си го исполни својот сон.

1melani5

„Јас сум различна, но сакам да им покажам на луѓето дека можам да правам разни нешта. Сакам да го докажам тоа со тоа што ќе се појавам на телевизија“, изјавила Мелани.

2melani5

Првото појавување на Мелани на временската прогноза ќе биде на 27 март.