Живот

Фото: Брак кој трае 82 години- Еве ја нивната тајна

Николас и Рафаела Ордаз неодамна имале две причини за славење – Николас наполнил 102 години и ја доживеале 82-годишнината од нивната венчавка.

brak

Ордаз се големо семејство – имаат 14 деца, 44 внуци, 83 правнуци и 12 праправнуци кои се собрале на едно место во нивниот дом во Трејси, Калифорнија.

brak1

Една од нивните внуки, Изела Гарсија вели дека Николас и Рафаела отсекогаш биле пример за следење.

brak2

„Отсекогаш сум ја гледала нивната поврзаност која ја имале и сè уште ја имаат. Се восхитувам на нивната грижа еден за друг и можам да кажам дека никогаш не сум ги видела како се расправаат или се лути еден на друг“ – вели Гарсија.

brak3

Николас, на оваа прослава решил да сподели едноставна, но важна порака за долг брак – почитување, грижа и да не се сфаќаат негативно и сериозно малите грижи.

brak4

„Научив да бидам грижлива личност која секогаш го става на прво место своето семејство“ – вели Гарсија за лекциите кои ги научила од своите баба и дедо.

Поврзани вести

Back to top button