Избор на уредникотМакедонијаТоп

Фетаи бара 3 доживотни казни во случајот „Монструм, не е точно дека ќерката на Вељаноски комуницирала со некое од убиените момчиња (ВИДЕО)

Ова е клучното барање на обвинителството во случајот „Монструм“. Три доживотни казни се бараат за браќата Агим и Африм Исмаиловиќ и Алил Демири. И во оваа постапка за нив се докажало дека се директни извршители на убиствата на момчињата кај Смилковско езеро, порачаа обвинителите.

Сами Љута да биде ослободен, за него нема докази дека правел обиколки на локацијата пред 12 април 2012-та година. Наместо за тероризам, за двајцата обвинети Фејзи Азири и Хаки Хазири да бидат осудени за помагање. Азири затоа што го организирал бегството на Косово иако знаел дека извршиле тероризам, а Хаки Хазири, помагал со тоа што ги возел извршителите до Смилковци.

Извршителите не се терористи по занимање, но актот е тероризам, порача Фетаи и го објасни мотивот за убивањето на недолжни млади момчиња и рибарот.

Во завршниот збор кој Фетаи и Бубевски го напишале на 70 страници се отфрлени сите теории на заговор. Жртвите се убиени на брегот на Смилковското езеро, црвениот Опел со кој побегнале во Косово не бил на МВР, тоа се фантазии на некредибилен сведок. Случајот не води кон Трајко Вељаноски, шпекулација, а не вистина е дека неговата ќерка наводно комуницирала со некое од убиените момчиња и станува збор за одмазда.

Мачни и исцрпни беа денешните пет часа за родителите кои во солзи го слушаа деталното анализирање на сите докази.

Бомбите не откриле нови факти, порача обвинителството. На барањето за висината на казните во судница реагираа обвинетите и адвокатите кои на 3 февруари ќе имаат можност за завршен збор.

Поврзани вести

Back to top button