СветТоп

Фајненшл Тајмс: Путин не размислува за атомска туку за „валкана бомба“

Воените аналитичари велат дека Владимир Путин не размислува за голема атомска бомба, туку за нешто помало, нешто што се вика „валкана“ бомба, во која ќе има остатоци од ураниум, цезиум или други елементи, доволни за да предизвикаат паника и да покажат моќ негде на небото над Украина или во водите на Северното Море.

Овие експлозии сепак, по својот обем би можеле да бидат поголеми од експлозиите во Хирошима и Нагасаки, но ќе имаат контролиран ефект, на пример, колку оној од несреќата во Чернобил на крајот од 80-тите. Тие не се стратешки, туку таканаречени тактички нуклеарни оружја, пишува Фајненшл Тајмс. Тие се различни од оние бомби кои беа во игра во Кубанската криза. Валканите бомби не се за масовно уништување, но сигурно се за масовна паника.

По нападите од 11 септември 2001 година, стравот од терористички групи кои користат валкани бомби е неизмерно зголемен, за што често се пишуваше во медиумите. Досега имало само два случаи на бомби што содржат цезиум, а ниту еден не бил активиран. И двата случаи беа поврзани со Чеченија.

 Како да конструирате валкана бомба?

Само девет хемиски елементи, односно нивните изотопи можат да ја завршат работата за да се постигне радиолошко распрснување во воздухот. Тоа се радиум-226, америциум-241 , калифорниум-252 , цезиум-137 , кобалт-60 , иридиум-192 , плутониум-238 , полониум- 210 , -226 и стронциум-90.

Од нив е можно е радиум-226 и полониум-210 да не претставуваат значителна закана.

Стравична експлозија од 50 килотони со радиус од само две милји

Овие помали нуклеарни боеви глави се наменети за употреба на бојното поле и се дизајнирани да уништуваат цели во одредена област. И покрај тоа, многу од боевите глави се помоќни од атомската бомба фрлена врз Хирошима од страна на САД, која имаше експлозивна моќност еквивалентна на околу 20 килотони ТНТ.

– Т.н. тактички нуклеарни проектили за употреба на бојното поле имаат моќност од генерално меѓу еден и 50 килотони ескплозив ТНТ … уништувајќи ги областите обично до две квадратни милји – изјави за Би-Би-Си во понеделникот генерал Сер Ричард Баронс, поранешен шеф на командата на здружените сили на Обединетото Кралство.
Експертите гледаат три начини на кои Русија би можела да користи тактичко нуклеарно оружје.

Првиот е демонстративен – нуклеарен истрел кој не убива никого. Тоа може да биде детонација под земја, над Црното Море, можеби некаде високо на небото над Украина или на ненаселено место како што е Змискиот остров.

Ваквата демонстрација ќе покаже дека Русите се „присутни во светот повеќе отколку што некогаш биле“, како што изјави американскиот претседател Џо Бајден на 16 септември. Таа ќе му даде алиби на Кремљ да пемине кон поголеми напади врз конрекетен град на Западот, на пример.

Демонстрацијата ќе значи дека Русија е подготвена да го скрши табуто за ненапаѓање, но дека сепак е претпазлива. Но, тоа може и да ја збуни јавноста за тоа до каде е подготвена да оди Русија. На пример затоа, според професорот Лоренс Фридман од Кралскиот колеџ во Лондон, САД ја отфрлиле опцијата да направат демонстрација на страна пред да ја фрлат нуклеарната бомба врз Хирошима.

Напад врз Запорожје или друга клучна инфраструктура

Втората можност е напад врз украинска воена цел или клучен дел од инфраструктурата – на пример, ракетен напад врз нуклеарната централа Запорожје.

Колку би било корисно ова е исто така отворено прашање. Украинските воени сили се многу дисперзирани на теренот, а студиите на американската армија заклучија дека боевата глава од еден килотон треба да биде детонирана на 90 метри од тенк за да нанесе сериозна штета.

Тотална нуклеарна војна е последната опција

Третата опција е напад врз голем град на Западот. Лондон, Париз, Берлин, Вашингтон…Ова значи тотална нуклеарна војна во која Западот ќе мора да ја донесе тешката одлука дали да одговори со еднаква мера и да започне глобална апокалипса во која двете страни едноподруго ќе си пуштаат нуклеарни бомби врз своите најголеми центри.

Ваквата апокалипса би значела светска нуклеарна зима и глад со години, а единствени земји кои не би биле допрени од радијацијата, теоретски, се Аргентина и Австралија. Сепак, оваа трета можност е и најмалку веројатна поради таа своја пеколна особина.

Колку „валкани“ бомби имаат САД и Русија?

САД и СССР некогаш чуваа огромни залихи од тактичките бомвби, но по завршувањето на студената војна, САД се откажаа од сите, освен 230, верувајќи дека наместо тоа „пофикасното конвенционално оружје може да ја заврши работата“, според анализата од 1989 година објавена од Билтенот за атомските научници.

Русија чувала околу 2.000 тактички нуклеарни боеви глави. Тие можат да бидат поставени на различни системи кои се користат за испорака на конвенционални експлозиви, како што се крстосувачките ракети Калибар или балистичките ракети Искандер и може да се лансираат од копно или од море.

Поврзани вести

Back to top button