Свет

Европа во страв – Во наредните две години од затвор излегуваат дури 200 терористи

Претстојното ослободување на ветераните џихадисти би можело да се смета за “четвртиот бран на повратници”, оценува научникот од белгискиот Егмонт Институт, Рик Кулсет.

Во наредните две години осудените за тероризам ќе излезат од европските затвори, а како што пренесува “AP”, станува збор за 200 лица кои во голема мера го формирале првиот бран на џихадисти кои се бореле во Сирија и Ирак, “сонувајќи за исламски калифат”, кој уште не е воспоставен.

Како што наведува американската агенција, од околу 12.000 Европејци колку што заминале да се борат на страната на ИСИС и Ал Каеда, третина од нив веројатно се вратиле во својата татковина, каде живеат слободно.

Некои од нив чекаат судење, но повеќето од нив никогаш не се соочиле со сериозни обвиненија поради недостиг на докази. Прашање е колкава закана претставуваат овие екстремисти.

Претстојното ослободување на ветераните џихадисти би можело да се смета за “четвртиот бран на повратници”, оценува научникот од белгискиот Егмонт Институт, Рик Кулсет.

“Голем број на лични фрустрации и мотивации ги туркаат младите на патот кон ИСИС. Доколку сега не го решиме тој проблем, околината ќе стане погодна за тој вид на џихадистичко насилство”, рекол Кулсет.

Поранешниот џихадист Фарид Бењету, кој минал четири години во затвор, сега јавно се одрекува од екстремизмот, но и и истакнува дека Европа уште не е подготвена.

Тој во својата книга за исламскиот екстремизам напишал дека го напуштил училиштето за да им предава на младите муслимани, како и дека меѓу членовите на групата која ја предводел, биле Шериф и Саид Куачи, кои во 2015. година го извеле нападот на Шарли Ебдо.

“Момчињата кои се осудени или чекаат судење, ќе излезат еден ден. И тоа е голем проблем – каква ќе биде подготовката за нивното ослободување?”, се прашал Бењету.

Според податоците на Европол, затворските казни за тероризам во Европа во просек траат околу шест години, за разлика од САД каде просекот е 13 години. ОД 2015. година казните пораснале, но и натаму се под просекот во САД.

Франција, која повеќе пати била на удар на терористите на ИСИС, ќе ослободи 57 затвореници, што е половина од вкупниот број на оние кои се осудени за тероризам.

Во Велика Британија 25 затвореници чекаат да бидат ослободени, во Белгија веќе се ослободени околу 80 странски борци, а уште 44 ќе бидат ослободени наскоро, во Шпанија 21 лице кое се борело во странство веќе било ослободено кон крајот на минатата година, додека во БиХ и на Косово секој затворен странски борец ќе биде ослободен набрзо.

Според пресметките на “AP”, во сите наброени држави, повеќе од 200 затвореници ќе бидат ослободени, но тој број веројатно ќе биде и поголем бидејќи не објавиле сите држави податоци, како Германија во која околу 1.000 граѓани биле во воените зони, но нема податоци за нивно осудување или ослободување.

Сепак, голем број од вратените борци не се уапсени и не направиле штета, а како што се наведува, многу домашни екстремисти се млади и сиромашни, со ограничувања во образованието и отсечени од општеството.

Еднаш кога ќе бидат ослободени, не постои програма или политика која ќе се занимава со нив.

Франција применува низа ограничувања по ослободувањето – од барање ослободените привремено да се јавуваат на властите, до домашен притвор.

Британија применува ограничено советување и мониторинг, и нуди волонтерски реинтеграциски програм, додека Шпанија спроведува образование и реинтеграција според кои затворениците се проценуваат дали се ризични.

Поради сето тоа многумина се плашат дека Европа ќе потфрли со наредниот бран осудени за тероризам.

“Нивното праќање во истите околности кои ги пратиле во насилниот екстремизам, за жал, ќе има ист резултат”, заклучил експертот за тероризам Ричард Барет.

Во “Источниот Аушвиц” биле вршени толку страшни експерименти над луѓе, што звучи како сценарио од најстрашен хорор филм

Политичкиот земјотрес на Трамп: Русија – Зад сè стои израмнување на сметките! Кина – Можни судири! Турција – Губитник е Америка

ЛУКОИЛ донираше прочистувачи за воздух за основните училишта во Битола

Протече скандалозна снимка: Вработување на Балканот – босански политичар бара секс во замена за работно место…

Димитров го запозна Рот со текот на разговорите со Грција

Основниот суд Скопје 1 има најмногу нерешени предмети во споредба со другите судови

ВИДЕО: Силно невреме го погоди Солун, се спасуваат луѓе заглавени во автомобили
ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ

Драматично на Блискиот исток! На повидок нова војна? Иран и Израел се гаѓале со ракети! Светот во паника

Крвавата Џина веќе му се спротивстави на Трамп: Кандидатката за шефица на ЦИА била брутално отворена за тоа колку ќе го слуша шефот на државата

Обезбедувањето грубо го турнало, а потоа Путин му пришол: Ова е Дмитриј, ветеранот за кој зборува светот

Доналд Трамп ја брани својата одлука: Таму каде што е Иран има само хаос и смрт

Во знак на добра волја: Еве кои се Американците кои Ким ги ослободи и зошто биле заробени

Драматично на Блискиот исток! На повидок нова војна? Иран и Израел се гаѓале со ракети! Светот во паника

Крвавата Џина веќе му се спротивстави на Трамп: Кандидатката за шефица на ЦИА била брутално отворена за тоа колку ќе го слуша шефот на државата

Обезбедувањето грубо го турнало, а потоа Путин му пришол: Ова е Дмитриј, ветеранот за кој зборува светот

Поврзани вести

Back to top button