Еве што се случува кога девојките влегуваат во врска со криминалци, Раперот Буба Корели ја влечел за коса и ѝ се дерел среде улица на девојката
Уредниците на српскиот портал „Пинк“ дошле до снимка на која познатиот босански рапер Амар Хоџиќ, познат како Буба Корели, физички ја малтретира својата долгогодишна партнерка Петра Цупан. Имено, на самиот почеток на видеото јасно се гледа како тој ја влече девојката за коса.
Тој продолжил да ѝ се дере среде улица, а кога таа се обидела да се одбрани од него, тој насилно ѝ ги тргнал рацете. Тие продолжиле да одат, а раперот не престанал да вика по неа.
Видеото можете да го погледнете тука.
Како што дознава „Пинк“, полицијата во неколку наврати доаѓала во нивниот стан поради пријави за расправии и галама.
Буба Корели е едно од најслушаните музички имиња во регионот, чии песни имаат милионски прегледи на платформите Јутјуб и Спотифај. Тој и неговиот колега Џала Брат важат за големи идоли на помладата генерација.
Од видеото може да се види како Петра, исплашената почнува да бега, а Буба цело време ја следи и ја малтетира. Во еден момент и падна јакната од страв, поради што застанала да ја земе, а тој и се приближил и повторно и се втурнал во лице…
Како изгледаше сето ова можете да погледнете во продолжение: