Живот

Еве како да препознаете ГМО храна

Месото, јајцата и млекото кои се увезуват од земјите од Европската унија, доколку немаат ознака „Без ГМО” тогаш најчесто се добиени од животни хранети со генетски модифицирана храна, инфомираат од непрофитната организација „Дунав соја. ”

Освен тоа, кога купувате увезено овошје, обрнете повеќе внимание на броевите кои што се испишани на лепенката.

Ако овој код (PLU код) се состои од четири цифри кои што започнуваат со “3” или “4”, тоа значи дека овошјето е одгледувано според земјоделските правила кои што важеле и во втората половина на дваесетиот век. Тоа значи дека постојат големи шанси дека производителот употребувал вештачки ѓубрива.

Ако овошјето пак кое што имате намера да го купите има лепенка која што поседува пет цифри во PLU кодот, од кои што првиот е “8”, тоа е знак дека се работи за генетски модифициран производ.

Ако на овошјето повторно има пет цифри во PLU кодот, од кои првиот е “9”, се работи за здрав, органски производ, одгледан на старински начин, односно традиционално, што значи без вештачки ѓубрива и пестициди.

Освен тоа, треба да знаете дека производите кои се произведени по вештачки пат, немаат модрици или лузни.Како што во природата нема ништо идентично, така е и со зеленчукот или овошјето.

Кога купувате вакви производи одбирајте неправилно овошје и зеленчук. Гледајте продуктите да бидат со различни бои, големини и форми.

Купувајте од селаните кои сами ги одгледуваат производите и употребете ги горенаведените совети. И селаните сејат ГМО незнаејќи и ги хранат домашните животни со ГМО производи.

ГМ храната е најевтина, а здравата храна по правило е поскапа. Хранте се со сезонско овошје и зеленчук. Ако во продавниците видете овошје или зеленчук на кое не му е време, тоа е најчесто увозно или е одгледано во пластеници со употреба на сите био-технологии, забразувачи на раст и пестициди.

За да ја избегнете ГМО храната, купувајте од мали производители и земјоделци кои сами ја одгледуваат и продаваат храната, а секогаш применувајте го правилото од првиот пасус.

Поврзани вести

Back to top button