Живот

Емотивна објава: Дедо направил вечера за внуците, но…

Тажна објава на девојка потсети многумина дека на постарите лица им е потребно вниманието од помладите. Студентката Келси Хармон постави фотографија од својот тажен дедои откри дека тој имал зготвено вечера за сите 6 внуци, кои ги поканил во својот дом, но се појавила само таа.

На фотографијата објавена на Twitter, дедото со наведната глава гледа во својата чинија и јаде еден од 12-те сендвичи кои ги направил таа вечер за внуците.

–Вечера со дедо вечерва… Тој направи 12 сендвичи за сите 6 внуци и јас сум единствената која се појави. Го сакам, напиша Келси.

Објавата на грижливата девојка веднаш стана интернет хит, а дедото на Келси стана дедо на целиот интернет. Неверојатната поддршка и љубов кои беа упатени кон „Дедо“ ги изненадија и Келси и дедо ѝ. Постот на Келси досега има речиси 125 илјади ретвитови и над 200 илјади допаѓања.

vnuka-kelsi

-„Заплакав кога го видов ова. Сè што тој сакаше е да помине време со нив“, „Ова ми го крши срцето. Би направила сè за да вечерам уште еднаш со моите баба и дедо“, „Кажи му на дедо дека со задоволство би јадел сендвич со него“, „Би ми било чест да одам на местото на еден од нив“, „Еј, знам дека не ве познавам ни дедо ти ни тебе, но можеш ли да му кажеш дека ние (интернетот) го сакаме?“ – беа дел од коментарите на корисниците на популарната социјална мрежа Twitter.

Подоцна Келси им се заблагодари на сите за поддршката од нејзино и од името на дедо си:

„Многу се смеев со постовите со мојот дедо и исто така добив многу, многу пораки во кои луѓе отсекаде ми кажуваат дека мојата објава ги поттикнала да ги посетат своите баби и дедовци. Тоа ми значи премногу. Исто така видов многу тажни коментари во кои луѓето пишуваат дека немаат можност да ги видат своите баби и дедовци и срцето ми се кине за нив – напиша таа.

vecera-vnuka-dedo

Поврзани вести

Back to top button