Ексклузивно видео од бегството на парискиот напаѓач
Француската телевизија „BFMTV“ објави за прв пат видео од бегството на Салах Абдеслам кој по учеството во нападот од 13-ти ноември во Париз се поврзал со Хамза Ату и Мохамед Амри, за да го соберат од француската престолнина, пишува весникот „La Libre“.
Двајцата тргнале од Брисел со „Фолксваген голф“ и кон 5 часот наутро на 14 ноември пристигнале во Париз за да се вратат веднаш во Белгија.
Видеата се од безбедносните камери на бензинска пумпа во близина на белгиската граница. Тројцата остануваат таму 12 минути, за да полнат гориво. На нив се гледа како Салах Абдеслам и Хамза Ату влегуваат во бензинската пумпа.
Во тоа време полицијата сеуште нема информации за учеството на Салах во нападите, што му овозможува да се шета мирно и безбедно.
За време на патувањето тој им раскажал дека бил „десеттиот учесник во атентатите“ во Париз.