Две лица претепани кај џамијата во Горно Нерези, МВР уште работи на случајот
МВР уште работи на случајот со двајца Македонци кои на 2 септември биле претепани кај џамијата во Горно Нерези во Скопје. Тие биле начекани од група од повеќе лица во темница, а еден од тепачите употребил тврд предмет. Во лекарските извештаи пишува дека претепаните имале хематоми по целото тело, повреди во стомакот, дека имале контузии и дека биле мавани со боксови, со камења и со стапови, информира Инфомакс.
Во полициска станица повредените препознале дел од напаѓачите кои ги претепале.
„На 03.09.2022 во 22.00 часот во Полициска станица Карпош А.Ф.(18) од САД пријавил дека на 02.09.2022 околу 13.30 часот во близина на џамијата во с. Горно Нерези, скопско тој и Н.Ф.(21) од САД биле физички нападнати од повеќе лица, од кои едно употребило тврд предмет”, се вели во соопштението на МВР.