Избор на уредникотСвет

Двајца браќа го убиле очувот педофил, ја злоставувал нивната деветгодишна сестра

Америка ја потресе уште една приказна за одмазда на педофил. Двајца браќа тинејџери и нивниот пријател се уапсени по убиството на очувот кој сексуално злоставувал деветгодишно девојче.

Нивниот очув Габриел Кинтанила, веќе обвинет за злоупотреба на деца, ја допирал својата деветгодишна ќерка. Нејзините полубраќа дознале и направиле план да го казнат. Прво, Алехандро (18) и Кристијан (17) го претепале очувот педофил во приколката во која живееле заедно, во американската држава Тексас.

Квинтанило потоа побегнал, за подоцна да го пронајдат неговите браќа и нивниот пријател во блиското село, каде повторно бил претепан и убиен.

Во полицискиот извештај се наведува дека тројца млади мажи го тепале Квинтанила со боксирачи додека не умрел.

„Главата на човекот личеше на каша, како да е згмечен. Користеле метални боксирачи, а потоа телото го ставиле во камион и го фрлиле во поле“, рекол извор од полицијата.

Браќата и нивниот пријател се обвинети за убиство од прв степен пред судот во Тексас.

Поврзани вести

Back to top button