Религија

Духовна академија, бдеење и литургија за викендот во манастирот во Матка

Во предвечерието на христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), во манастирот во Матка кај Скопје во сабота на 27 август ќе се одржат вечерна литургија (18:00), Духовна академија и полноќно бдеење. 

Традиционално учество на Духовна академија ќе имаат деца од Скопје кои ќе изведат  хорски црковни песни, а предвидено е и читање псалми.

Успение на Пресвета Богородица Матка

Утрото на 28 август (08:30), на денот на празникот, во манастирот ќе се одржи света божествена литургија на која ќе чиноначалствува неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Одбележувањето ќе биде збогатено и со културно-забавна програма. Како и минатите години, во дворот на манастирот на празникот по богослужбата се одржува крводарителска акција.

Поврзани вести

Back to top button