Духот на мртвото дете со балони ја тешело несреќната мајка

Објавено: среда, 17 февруари 2016 во 09:53
Spread the love

На бдеењето на седмгодишното дете малиот бел ковчег бил опкружен со бели балони од кои еден се одвоил и лебдел над мајката, а другиот отишол кај браќата и сестрите.

-Би сакала да мислам дека тоа беше неговата последна мисија, вели Џој Ганда Вибар -Аламарес од Филипините која го загубила својот син во декември минатата година.

На неговото бдеење малиот бел ковчег бил опкружен со бели балони полнети со хелиум. Додека Џој тивко плачела седејќи на клупа, еден од балоните почнал да се движи. Се одвоил од останатите балони и тргнал кон неа, при што цело време се задржал во близина на нејзината глава, а на крајот го гушнала и ја фатила врвцата во рака.

Подоцна еден од балоните кој бил во ходникот исто така почнал да се движи сам од себе и лебдел до браќата и сестрите на Треби. Џој и нејзиното семејство веруваат дека Треби на тој начин се простил од нив.

Видеото од бдеењето кое мајката го објави на Фејсбук стана вирално со над 3,8 милиони прегледи, а многумина кои го виделе сочувствуват со семејството и веруваат дека детето ги движело балоните зошто сакало да го утеши своето ожалостено семејство.