Живот

Доктори: Ако имате масни наслаги, веднаш консултирајте се со лекар

Мажите со екстра акумулација на масти во областа на половината се изложени на зголемен ризик од агресивен рак на простата, пишува  “Дејли експрес”, повикувајќи се на резултатите од британско истражување. За целите специјалисти од Оксфорд анализирале податоци за над 141 000 средовечни мажи на 52 години. Истражувачите утврдиле дека на секој дополнителни 10 сантиметри кон половината одговара на зголемување за 13 проценти на ризикот од малигни заболувања.

Резултатите од истражувањето укажуваат дека највисокиот индекс на телесна маса и поголемиот обем на половината се поврзани со зголемен ризик од рак на простатата и смртност од болеста.

Шефицата на истражувачкиот тим д-р Аурора Перес-Корнаго потсетува дека за да се заштитат, мажите треба да ги следат препораките за други незаразни болести и да се обидуваат да задржат здрава тежина и физичка активност.

Поврзани вести

Back to top button