ЖивотИзбор на уредникот
Доказ дека Евровизија е кичерајска манифестација, се повеќе земји не сакаат да учествуваат
Изборот за песна на Евровизија ќе се одржи во мај следната година во Ливерпул, Велика Британија.
Сепак, како што се наведува, некои земји нема да имаат свои претставници на ова натпреварување.
Македонија и Црна Гора се повлекоа од овогодинешната Евровизија.
Покрај овие две земји, уште две земји потврдија дека нема да учествуваат на следниот натпревар. Бугарија и Босна и Херцеговина нема да испратат свои претставници, а од натпреварувањето се повлекоа и Словачка, Андора, Монако, Луксембург и Турција.
Речиси сите земји како причина за повлекување од конкуренцијата ја наведоа економската криза.