Македонија

Додека пратениците земаат илјадници евра за патни трошоци – Осум деца умираат поради немање средства

Две слики една реалност македонска реалност: На едната се топ десет пратеници според висината на исплатените патни трошоци а на другата се осум деца  кои се во животна опасност бидејќи немаат пари да се лечат.

За само шест месеци одредени пратеници повторно направиле патни трошоци од над 10 илјади евра, покажуваат податоците до кои дојде Макфакс со користење на Законот за слободен пристап до информации, за првите пет месеци од годинава како и последниот месец од 2017-та година.

Во листата на топ 20 пратеници според патните трошоци во овој период, рекордер е пратеничката на СДСМ, Бети Рабаџиеска Наумовска и таа за шест месеци, од декември 2017-та до мај годинава добила 11 770 евра. Мира Стојчевска од СДСМ, која високо котираше и претходно, овој пат зела 10 396 евра, додека Алија Камбероски од партијата ПЕИ, повторно е меѓу пратениците кои имаат повисоки суми за патни трошоци, со 10 355 евра.

За само половина година, пратеничката на СДСМ, Анета Симеска – Димоска добила 8359 евра, нејзините колеги од партијата, Хари Локвенец и Милева Ѓорѓиева, по над 7 илјади евра, Сурија Рашиди од Алијанса за Албанците 7962 евра и Агим Шаќири од ДУИ зел 7600 евра. Целата листа може да се погледне на табелата Макфакс.

За разлика од нив овие осум деца им е загрозен живото бидејќи немаат доволно средства да се лечат.

Поврзани вести

Back to top button