Избор на уредникотТоп

Додека народот гладува функционерските плати од околу три илјади евра никако да се намалат, Ковачевски вели дека се работи

Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски истакна дека работна група работи на подготвување на предлог за покачувањето на платите на именуваните и избрани функционери.

-Во однос на платите на избрани и именувани функционери, градоначалници, судии, пратеници, обвинители, директори, 21 министер…Во однос на тоа, има работна група која работи на предлог кој треба да биде доставен до Собранието и Собранието да го каже својот финален збор, рече Ковачевски на презентација на првата странска инвестиција во 2024 година во ТИРЗ.

На новинарско прашање дека работната група работи една година и зошто се чека толку за закон, Ковачевски одговори дека тоа треба да го каже работната група.

-Ги прашувам, велат дека работат, рече тој.

Поврзани вести

Back to top button