Свет
Дивеел на улиците а никој не го казнувал: Возачот кој го уби детето бил син на полицаец
Осомничениот за страшната сообраќајна несреќа која одзема детски живот во Србија, и го зави целиот регион во црно, е син на полицаец.
По овој настан е сменет началникот на полицијата во Блаце, каде се случи крвавиот настан. Покрената е постапка и против еден полицаец.
Трагедијата немало да се случи и детето ќе било живо ако одговорните превзеле мерки против момчето кое неколку пати било казнувано за возење со голема брзина, возење во алкохолизирана состојба и други прекршоци. Инаку, повеќе од стотина лица излегоа на улиците во Блаце бесни за она што се случило, иако малата Нада повеќе не се враќа.