Дилавер Бојку Леку – Живеел како крал, имал три жени, неколку љубовници и над 200 робинки
Дилавер Бојку (58) со прекар Леку, некрунисаниот балкански крал на проституцијата, кој пред неколку дена беше застрелан со неколку куршуми во главата во Струга, пред неговиот ресторан „Аква блу“.
Се шепулира дека ликвидацијата на Бојку ја подготвило семејството на Ситем Истрефи (23), кој во 2015 година беше убиен од братот и таткото на Бојку. По Струга се зборува дека било прашање на време кога фамилијата Истрефи ќе дојде по Бојку.
Семејството Истрефи потекнува од Долна Белница, а завојувале со фамилијата на Бојку за концесијата за плажите на струшкиот брег на Охридското Езеро. Пред две години на 13 декември во пресметка на двете семејства бил убиен Ситем Истрефи, а неговиот брат Прентим Истрефи бил тешко ранет. Бил ранет и братот на Бојку, Башким Бојку (45), кој официјално се наоѓа во притвор, иако стружани велат дека често навраќал на плажите кај брата си.
Од 1979 година против Бојку биле поднесени 17 кривични пријави поради проституција. За прв пат бил уапсен на почетокот на февруари 2003 година во својот хотел „Берн“ во близината на Струга, поради трговија со луѓе. Бил осуден на шест месеци затвор, но побегнал на 20 јуни 2003 година пред очите на полицијата и стражарите додека без лисици го спроведувале до охридскиот затвор. Ги турнал стражарите и со трчање избегал до возило што го чекало. Неколку дена подоцна, поради неговото бегстсво, директорот на затворот, Драган Петрески, бил сменет.
Во заедничка акција на црногорската и македонската полиција, две недели подоцна Бојку бил уапсен во Улцињ додека се подготввуал да избега за Бразил. Во Црна Гора влегол со лажни македонски документи, а уапсен бил за само неколку часа по потерница на Интерпол. Со хеликоптер бил испорачан во Македонија, а истата година бил осуден на казна затвор од три години и осум месеци за кривично дело трговија со луѓе и проституција. По излегување од затвор, Бојку наводно започнал да се занимава со легален бизнис, главно угостителство и туризам.
Дилавер Бојку ги контролирал двете главни илегални рути за транспорт на девојки и жени на Балканот. Едната била рутата која одела од Бугарија, а другата од Албанија. И двата канала завршувале во неговото родно село Велешта во Струга, кое важело за место со најголем број на проститутки во Македонија.
Наводно, тој во секој момент под своја контрола имал од 200 до 250 девојки спремни за продажба. Како што велат жителите на Велешта, Леку не ги продавал 20-те најубави девојки, туку им ги нудел на клиенти во својот бар „Експресо“. По неколку месеци работа кај него, тој ги продавал во Косово, каде овој бизнис бил уште попрофитабилен.
Наводно Леку живеел со три „вистински“ жени, имал голем број љубовници, а останатите робинки ги продавал по цена од 1.000 до 5.000 евра. Американското Федерално истражно биро (ФБИ) и Интерпол го истражувале Бојку и неговите илегални бизниси што ги водел главно во Велешта. До 2006 година во Велешта се одржувале аукции на киднапирани девојки или регрутирани со измама од Балканот и од државите на поранешна СССР. САД дури нуделе и 10.000 долари за било каква информација за озогласениот бос, но информации немало ниту за лек, пишува Република.