Uncategorized

Џамијата во Охрид изградена, дозвола за градба нема, хаосот во градот не запира, УНЕСКО предупредува

Додека институциите со години си ги префрлаат надлежностите и замижуваат пред проблемот, изградбата на Алипашината џамија привршува. Без дозвола за градба минарето уште пред неколку дена доби купола, од вчера тргната е и зелената ограда и јасно од сите страни на Охрид се гледа кровната реконструкција во сива боја со златни елементи. Низ охридската чаршија со денови се зборува дека џамијата ќе биде пуштена во употреба на празникот Бајрам, но потврда од засегнатите страни нема.

Градоначалникот на Охрид освен што не знае дека објектот следниот месец ќе биде пуштен во функција,досега не го видел ниту минарето ниту куполата иако според неофицијални информации неговата висина е 25 метри и во моментот е највисокиот објект во старото градско јадро.

Исто како и градоначалникот и премиерот Заев не знае што се случува на објектот иако пред изборите ветуваше дека преку дијалог ќе има решение. Но два месеци подоцна Заев вели дека не може да пушти машини да го сруши објектот и уверува дека сепак законите ќе преовладеат.Ваквата изјава на премиерот за здружението ,Совест е само доказ дека постои политички договор  за реконструкцијата да биде завршена,велат за да го протуркаат проектот направен е компромис за минарето да биде 25 метри наместо 32 и покрај тоа што градежните работи од почетокот се одвиваат несоодветно и незаконски. Остра осуда кон власта за џамијата но и за другите дивоградби упатува и невладината Охрид СОС.

„УНЕСКО во својот извештај констатира дека двоецот СДСМ и ДУИ нема никаква намера да ја прекине криминалната урбанизација, легализира дивоградби, допушта палење на огромни појаси трска во Струшко, дозволува несоодветна и нелегална реконструкција на објекти кои се дел од културното наследство“ – велат од „Охрид SOS“

Граѓанските активисти уште од 2016 та година алармираа дека објектот е дивоградба и прекршува низа закони,но освен Јавното обивнителство кое поднесе кривични пријави за инвеститорот досега немаше реакција од институциите надлежни за стопирање на градбата.

Според екологистите ваквата индиферентност на надлежните по ова но и по други прашања се сериозна закана дека следниот месец по препорака на УНЕСКО Охрид сепак ќе биде ставен на листата загрозени подрачја.

Извор: 24.mk

Поврзани вести

Back to top button