Македонија

Џафери: Оставка на Груби во Владата или војната во ДУИ ќе експлодира

Оставка на првиот вицепремиер Артан Груби и уште неколку министри или пак, лидерот Али Ахмети да ги смени, во спротивно војната во ДУИ ќе ескалира, изјави за “Слободен печат“ Муса Џафери еден од експонентите на „огнената група“ по состанокот на лидерот со Изет Меџити и Блерим Беџети со чаирскиот и сарајскиот огранок во партиското седиште во Мала Речица.

И додека Беџети и Меџити не открија детали од разговорите со партискиот лидер освен дека останале на позициите за смена на министрите, Џафери во разговор за „Слободен печат“ отворено му порачува на Ахмети дека политичките проблеми и барања во партијата не може да ги решава со ограноците и така да го амортизира незадоволството.

-Артан Груби барем малку ако го слуша незадоволството во партијата од него, самиот треба да се повлече од функциите прв вицепремиер и министер за политички систем. Освен него, оставки од функциите треба да поднесат и други министри или Ахмети да ги смени. Во спротивно ќе има политичка војна во ДУИ. Ако Ахмети мисли дека ова може да се развлече преку средби со ограноци и да трае со месеци, ако мисли дека може да не надмудри тогаш е во грешка бидеќи така нема да се решат проблемите. Не може политичките проблеми и барања во партијата да се решаваат со средби со членови од ограноците, вели Џафери за “Слободен печат“ .

ПОВЕЌЕ НА Слободен печат

Поврзани вести

Back to top button