Девојка заборавила каде го паркирала автомобилот во Хрватска, па пријавила кражба
24-годишна девојка во Хрватска пријавила дека и го украле автомобилот од паркингот во Бјеловар. Но полициската истрага утврдила дека автомобилот не бил украден, туку дека заборавила каде го паркирала.
Имено, девојката во петокот околу 14 часот и 30 минути го паркирала и го заклучила автомобилот на паркингот на улицата Антун Михановиќ и се упатила кон банкоматот. Кога се вратила, 20 минути подоцна, нејзиниот автомобил не бил на паркингот.
За се ја известила полицијата, која покренала кривична истрага, а потоа денот добил неочекуван пресврт, пишува порталот „Даница.хр“.
„По објавувањето на веста за кражбата на автомобилот, полициските службеници утврдиле дека не се работи за кривично дело кражба. Имено, сопственичката на возилото заборавила каде го паркирала, па кражбата ја пријавила во полиција“, велат од бјеловарската полиција.