Македонија

Девојка од Загреб обвини дека ја силувале Македонец, Босанец и Сириец

Тројца државјани на БиХ, Сирија и Македонија кои барале азил во Хрватска, се уапсени затоа што во Загреб дрогирале и силувале 22-годишна девојка, пишуваат медиумите

Полицијата против 40-годишниот Босанец А.Х. 30-годишниот Сириец Б.А. и 43-годишниот Македонец И.С. поднесе кривична пријава за силување, а злосторничката тројка е во истражниот затвор во Реметинец.

Неименуваната жртва раскажала дека била силувана во четвртокот во собата во објектот во кој се сместени тројцата мажи. Прво ја опијаниле, па и дале и таблети и на крајот ја силувале. Девојката рекла дека била свесна, но не можела да мрдне поради влијанието на алкохолот и дрогата.

На девојката и е земена крв, а се чекаат токсиколошките наоди.

Уапсените го негираат делото, додека босанскиот државјанин и Сириецот тврдат дека сексот не бил присилен туку доброволен. Македонцот тврдел дека воопшто немал односи со девојката. Исто така тврдат дека девојката одлучила да ги пријави откако одбиле да и дадат пари кои ги барала за сексуалните услуги.

Поврзани вести

Back to top button