Детски невролог предупредува: Пет години гледам како сами кај децата создавате аутизам!
Одамна планирам со вас, родителите да споделам дел од своите сознанија за можните последици од интензивното користење во најрана возраст уреди со екрани: телевизоси, компјутери, таблети и паметни телефони“ вели Олег Корењ, детски невролог од Новосибирск, обраќајки им се на родителите.
„Веднаш да се оградам и да кажам дека ги изнесувам само моите забелешки на основа на искуство. Работата ми налага секојдневно да се дружам со деца со помали или поголеми пречки во развојот. Веќе пет години се среќавам со ист проблем – деца кои во просек имаат три години и практично не говорат. Нивното однесување е слично на однесувањто на децата со аутизам. Заедничко им е тоа што им дале паметен телефон односно таблет на возраст од околу една година. Тие деца практино сето слободно време го поминуваат со овие уреди. Буквално живеат со нив. Од тоа страда фацијалната експресија, насочувањето на погледот и емотивната сфера. Обидот да му одезмете на детето тој уред кај него предизвикува крајно негодување и агресија. Говорот, по правило не се развил или е рудиментран.
Комуникацијата со околината е лоша. Знаејќи колку е лесно да се помешаат причината и последицата, не исклучувам дека некои од тие деца се начелно аутистични, а преокупацијата со овие уреди е една од варијантите на стереотипното однесување“ вели д-р Корењ.
Тој говори за еден случај. Девојче, од една година и три месеци живее во Њујорк. Не се врти на своето име, не реагира на вербалните барања. Нема развиена адекватна мимика и гестикулација. Неколку месеци порадно ова дете плескало со рачињата, мавтало, па-па. Специјалистите се посомневале на пореметување од аутистичен спектар.
Се почнало околу осумиот месец, кога детето почнало да седи во столица за јадење, покрај вклучен телевизор. Сето време таа понатаму го поминувала пред некаков екран. Родителите ги тргнале сите уреди од детето. Првите денови забележале раздразливост, хистеричност и агресивност. Тешко било да ја нахранат. Но, се вратил контактот со очи и покажување со рака! Почнале на терапија. Не престанувам да се запрашувам: дали е можно во „спектарот“ да се наиде на ситуации кои би можеле да се окарактеризираат како „псеудоаутизам“. Не сум сигурен дека овој термин е исправен, го најдов кај Чарлс Нјиокиктјиен, завршува д-р Корењ.