Избор на уредникотМакедонија

Децата на самохраните родители од Штип бесплатно ќе посетуваат градинка

Општина Штип ја продолжува мерката за бесплатен претстој на децата на самохрани родители во двете детски градинки на територија на општина Штип, детска градинка Астибо и детска градинка Вера Циривири Трена.

Се работи на 64 дечиња на самохрани родители на територија на општина Штип коишто ќе посетуваат бесплатно детска градинка.

„Денеска потпишавме договор со детските градинки, Вера Циривири Трена и Астиво, во координација исто така со Министерство за труд и социјална политика за една хумана мерка којашто еве веќе втора година ја реализираме.

Ефектите минатата година беа одлични, јас чуствував при посетите на детските градинки и во средби со многу граѓаните дека таа мерка треба да продолжи. Се работи за мерката за ослободување од плаќање градинка на децата на самохраните родители,“ изјави градоначалникот Благој Бочварски.

Обезбедени се потребни средства во висина од 1.500.000 денари за оваа мерка.

Поврзани вести

Back to top button