Избор на уредникот

Дете три дена заглавено во бунар, додека се мачат да го извлечат, му спушаат храна и вода со јажиња (ВИДЕО)

Петгодишно дете три дена остана заробено во бунар на северот на Мароко додека спасувачите се обидуваат да најдат начин да го извлечат, изјави денеска портпаролот на мароканската влада.

Детето падна во вторникот во бунар длабок 32 метри во близина на северниот град Шефшауен.

Локалните медиуми денеска објавија дека малото дете земало храна и вода кои му биле фрлени со јаже. Во обид да го спасат, спасувачите копаат покрај бунарот.

Дијаметарот на бунарот се стеснува до дното, од 45 сантиметри на врвот, што ги спречува спасувачите сами да се симнат за да го земат малечкиот Рајан, изјави водечкиот спасувач за државната телевизија „Ал Оула“.

Поврзани вести

Back to top button