Десетгодишно момче било брутално силувано од страна на емигрант
Десетгодишно момче било брутално силувано од страна на ирачки емигрант во соблекувална во јавен базен, по што момчето морало да биде хоспитализирано поради повредите, пренесува Дејли мејл.
Еден од спасувачите во базенот веднаш повикал брза помош откако момчето раплакано му кажало што се случило, додека Ирачанецот се забавувал скокајќи од триметарска даска.
Полицијата го уапсила силувачот на лице место во базенот во Виена, а при испрашувањето тој се правдал дека станува збор за „сексуална вонредна ситуација“ бидејќи немал секс со месеци.
Силувачот, кој работи како таксист во Виена, ѝ кажал на полицијата дека знае дека тоа било „погрешно“ и дека не сакал да го „повреди момчето“, пишуваКронен цајтунг.
Емигрантот, кој пристигнал во Австрија на 5 септември преку Балканот, изјавил дека не можел да се воздржи бидејќи имал „вишок сексуална енергија“. Тој кажал и дека е свесен дека таквиот чин е „забранет во сите земји во светот“, и дека не бил „отсекогап болен“, бидејќи има жена и ќерка во Ирак.
Австриската полиција не ги објавила деталите од силувањето, кое се случило на 2 декември во базенот Рајзенбад, за да ја заштити жртвата.
На социјалните мрежи се појавија тврдења дека полицијата објавила дека мора да биде чувствителна околу случаи во кои се вмешани емигранти, бидејќи „минале низ многу нешта“, но дека за нив нема да има никаква толеранција, пишува Дејли мејл.