Деградиран од позицијата, Илиевски: „Со ова се испраќа порака до сите други институции“
Државниот инспектор за образование деградиран од позицијата виш образовен инспектор заради откривањето на скандалот со унапредувањето на тројца државни функционери кои се на функција во актуелната влада. Оваа одлука според Инспекторатот ја донел Советот кој покренал дисциплинска постапка против Илиевски. Веднаш по деградирањето инспекторот се сретна со советникот и евро пратеник Самуел Жбогар кого го извести за целиот настан.
Тој вели дека одлуката за неговото деградирање сè уште не ја добил и тврди дека ова е сигнал за другите инспектори да не ја откриваат вистината.
Инаку деградирањето од службената позиција на Илиевски следува по откривањето дека тројца државни функционери се унапредени на нерегуларен начин. Инспекторот Илиевски документацијата за начинот на кој е извршено унапредувањето на функционерите ја предал и во Антикорупциска комисија.